Застреланиот полицаец се здобил со прострелна рана во рамото

Полицаецот во кој доцна синоќа било пукано се здобил со прострелна рана во рамото и по укажаната лекарска помош на Скопските клиники тој е пуштен на домашно лекување.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 23:10 часот зад трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Според првичните информации полицаецот бил нападнат од две непознати лица. Полицаецот не бил на должност ниту носел униформа.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на инцидентот.