
Најмалку седум лица се повредени при судир на автобус со број 72 и трамвај со број 10 на раскрсница во центарот на Софија.
Според првичните информации до несреќата дошло околу 10:50 часот, откако возачот на автобусот поминал на црвено.
Од ударот трамвајот бил помесетен од шините, а прозорите на автобусот се искршени.
Повредени се седум патници, од кои со најтешки повреди завршила 58-годишна жена.
Возачот на автобусот тврдел дека му откажале кочниците.
Поради сообраќајната несреќа улицата „Витоша“ и плоштадот „Журналист“ се затворени за сообраќај.