
Златните предмети од некрополата на Требеништа и Горна Порта од Охрид, меѓу кои и уникатните обетки со гулабици, единствениот бронзен појас заедно со реконструкција на гробот на т.н. пајонска свештеничка од некрополата кај валандовското село Марвинци, штитот од селото Бонче, на кој го пишува името на македонскиот крал Деметриј Први Полиоркет, стаклената чаша дијатрета, вредни рановизантиски мозаици, копија од саркофагот од Александрија, кој Турција и го подари на Македонија се само дел од екпонатите кои се изложени во новиот Археолошки Музеј.
Во импресивната постојана музејска поставка на 6.000 квадратни метри, ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди.
Ова се дел од артефактите: