
Продолжуваат натпреварите во БИБЛ лигата, а нашиот преставник во ова натпреварување, тимот на Кожув ќе игра со косовскиот тим Сигал Приштина. Сигал има три победи во низа и во моментов е првопласиран во групата, а Кожув токму против нив ќе се обиде да стигне до скор 3-0. Натпреварот започнува во 19 часот.
Вториот македонски претставник во БИБЛ, екипата на Куманово, вечерва гостува во Црна Гора против тимот на Теодо.