
Лидерот на Српската радикална партија (СРС) и обвинет за воени злосторства Воислав Шешељ денеска пристигна на аеромдромот во Блеград, каде беше пречекан од семејството и голем број приврзаници.
Шешељ веднаш се упати кон партискиот штаб во Земун, а не даде изјава иако беше предвидено.
Шешељ и пред штабот на СРС беше пречекан од голем број приврзаници.
Заменик-претседателот на СРС, Зоран Красиќ најави дека радикалите в сабота, 15 ноември ќе организираат митинг на Плоштадот на републиката во Белград, на кој ќе зборува Шешељ.