
Законот за сурогат мајчинство од денеска почна и официјално да се применува. Сите хумани жени кои од алтруистички побуди сакаат да им помогнат на брачните двојки кои не може да имаат деца, преку постапка за биомедицинско потпомогнато оплодување, од денеска веќе ќе може да се пријавуваат во регистарот за гестациски носители. Министерството за здравство ќе води и регистар на брачни двојки кои се заинтересирани за оваа постапка.
Сурогат мајќи може да бидат жени над 25 години, државјани на Р. Македонија, кои се во добра психофизичка и општа здравствена состојаба, да бидат мајки на најмалку едно дете. Во регистерот за брачни двојки може да се забележат лица кои имаат или машки или женски стерилитет, доколку жената нема или пак има оштетена матка и јајници. Но, сурогат мајка може да бараат и брачни парови кои имаат најмалку три неуспешни бремености.
Брачните двојки треба да се обратат до Министерството за здравство со барање за увид во регистерот за избор на гестацискиот носител. Парот ја избира жената која ќе го роди нивното дете. Улогата на Министерството за здравство во оваа фаза е да ја гарантира законитоека на постапата, но не и да се вклучува во поврзување на гестацискиот носител со брачната двојака.
За почнување на процесот се доставува писмено барање до архивата на министерството. Воедно, за да поче постапката потребно е сите учесници да се согласат со давање на пимена изјава заверена на нотар. Министерсвото по добивање на писменото барање ќе утврди дали се исполнети сите услови и писмено ги известува. Потоа се склучува договор со кои се регулираат меѓусебните односи.
Брачната двојка можат да ја повлечат согласноста се додека ембрионот не е внесен во матката на жената, а најдоцна два дена пред поведување на таа постапка.
Според законот, брачната двојка има право да побара најмногу двапати да се поведе постапка за сурогат мајчинство, а гестацискиот носител може да роди само едно живо дете.
Породилно отсуство му следува и на гестацискиот носител и на жената коа се заведува како мајка на детето, со тоа што сурогат мајката има право на породилно отсуство од 45 дена, од денот на раѓањето на детео, а жената од брачната двојка остварува породлно отсуство како да го родила детето.
Пред спроведување на постапката на внесување на ембрионот во матката на жената гестациски носител, задолжително е претходно заедничко психолошко советување на брачната двојка и на потенцијалниот гестациски носител во времетраење од три месеци, при што ќе се одржуваат најмалку две средби месечно, како и задолжително правно советување на двете страни.
Се предвидува Фондот за здравство на сурогат-мајката месечно да ѝ исплаќа финансиска надомест во височина од една просечна плата во земјава, која би ја користела за правилна исхрана, лекови, прегледи и слично. За примање парична надокнада и од семејството и еден вид изнудување предвидени се строги санкции.