
Дваесет и осумгодишниот Б.М. од село Непроштено, тетовско доби кривична пријава бидејќи нападнал службено лице.
На улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полицијата е сопрено патничко возило „бмв“ управувано од пријавениот поради тоа што го попречувал движењето на останатите учесници во сообраќајот.
По ова, пријавениот најпрво ги навредувал полициските службеници, а потоа почнал да ги турка, по што бил приведен.