
Остатоци на диносаурус стари најмалку 140 милиони години се пронајдени во централното подрачје на Малезија, соопшти тимнаулници од Малезија и Јапонија. Староста на фосилните остатоци е верификувана во неколку светски реномирани лабаратории.
Раководителот на екипата што ги откри фосилните остатоци, Масатоши Соне изјави дека овој пронајдок ги потврдува тезите дека на ова подрачје, а и пошироко во овој дел на Азија треба да се бараат и дека ќе се откријат древни остатоци на праисториските животни и птици, а со тоа ќе се добијат значајни податоци за историјата на Земјата.