СИПА уапси 11 лица осомничени за тероризам

Членови на босанската Агенција за разузнавање и заштита (СИПА) уапси 11 лица осомничени за тероризам, продолжувајќи ја акцијата „Дамаск“, јави Танјуг.

Извршени се апсења и претреси на објекти во повеќе населени места на територијата на Босна и Херцеговина со цел за откривање и конфискување на предмети, што може да служат како доказен материјал.

Во септември во рамките на операцијата „Дамаск“ беа уапсени 16 лица, осомничени за тероризам. Меѓу нив и имамот Билал Боснач, неформален лидер на вахабистичка заедница во Босна, кој се уште е во притвор.

Во акцијата учествуваа над 100 полициски службеници.

Операцијаат „Дамаск“ е насочена кон откривање докази, што ќе откријат врски на уапсените со граѓани на Босна и Херцеговина, што војуваат во Сирија и Ирак на страната на радикалните терористички организации и групи.