
Тригодишното момченце кое вчера исчезна од домот на неговиот дедо во Штип, утрово е пронајдено мртво. Полицијата врши увид на местото каде е пронајдено телото на младиот Чинар Сулејманов.
До утрово траеше потрагата на полицијата и семејството по момчето кое последен пат беше видено завчера вечерта кога излегло од домот и се упатило кон куќата на неговиот дедо.
Се’ уште не се знаат причините за смртта на детето кое често питачело на плоштадот во Штип.