Белград: Тешко ранет познатиот бизнисмен Милан Беко

Познатиот бизнисмен Милан Беко ранет е денеска со два куршума пред својата куќа во Белград, објави Блиц.

Беко веднаш бил префрлен во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба.

Во него било пукано од непознато лице кое го сочекало пред неговиот дом. Бизнисменот Милан Беко не е член на ниту една политичка партија иако бил министер во владите на СПС, НД и ЈУЛ. Учествувал во приватизација на неколку најголеми претпријатија, а во последно време неговото име во Србија се споменуваше за кандидат за директор на Железница на Србија.