
На Флорида е извршена егзекуција над човек кој ја убил сопругата на спиење, а потоа ја силувал и убил својата десетгодишна пасторка пред две децении.
Чедвик Бенкс (43) е усмртен со инјекција еден час подоцна откако американскиот Врховен суд ја одбил неговата последна жалба, пренесува АФП.
Бенкс е осуден на доживотна казна затвор за убиство на споругата во 1992 година, а на смртна казна за убиството на девојчето
Ова е осмата егзекуција на Флорида оваа година.