Фото: Исчистен финско-инџиковскиот канал

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, реката Лепенец, реката Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје спроведоа акција за чистење на Финско-инџиковскиот канал во Општина Гази Баба.

Каналот машински беше целосно исчистен, како и неговата непосредна околина, во должина од 1150 метри и притоа беа исчистени околу 2 200 кубни метри наноси на земја, комунален отпад и вегетација.

Фински-инџиковски канал (2)

Фински-инџиковски канал (3)