
Во Индонезија, невенчаните двојки кои ќе бидат фатени во сексуален однос може да завршат во затвор дури и до пет години, се предвидува во новиот предлог закон. Дури и паровите, кои живеат заедно, но без документи за брак, нема да може да ја избегнат острата пресуда, доколку бидат фатени на дело.
Необичното ембарго на секс е предложено како дел од новиот сет закони меѓу кои е и бизарната забрана за вештерчење и црни магии, доколу „предизвикаат нечија болест, смрт, ментална или физичка болка“. Иако Индонезија одамна следи умерена верзија на исламот, акцентот на муслимански начин на живот повторно процвета во последните години.