Штипјанец продавал марихуана на наркозависници

Кривична пријава е поднесена против Б.К.(25) од Штип бидејќи снабдувал со дрога наркозависници .

При извршен претрес во домот на пријавениот се пронајдени најлонски кесички во вкупна тежина од 9,9 грама марихуана и метална дробилка со остатоци од марихуана. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот дрогата ја набавил од непознато лице од Скопје за износ од 1.500 денари со намера да ја препродава на наркозависници од Штип, по што во текот на истиот месец во повеќе наврати за износ од 100 до 500 денари им продавал на лица од Штип.