Неидентификуваниот вооружен маж со пиштол, кој утрово околу 10 часот застанал пред зградата на Владата на Србија и се заканувал дека ќе се убие, се предал околу 10.45 часот, дознава спрски Курир, пренесува НетПрес.
Иако не испука ниеден куршум, тој неконтролирано мафтал со пиштолот кој бил вперен во зградата на Владата.
Во моментот на мирно предавање, пиштолот го фрлил кон полицајците, а оружјето кога паднало на земја, за среќа, не пукнало. Веднаш потоа, напаѓачот е внесен во зградата на Владата.
Според неофицијални извори, станува збор за маж на 40-тина години кој најверојатно е воен пензионер кон кого државата има голем неподмирен долг од скоро милион динари.
Тој тврди дека има уплатница со која може да докаже дека не му се исплатени паричните средства.
Очајниот маж бил примен од министерот за одбрана, Братислав Гашиќ кој се состанал со него и во тек се разговорите во зградата на Владата под будно око на полицијата.
Инаку, преговорите започнале веднаш, а во тој момент сообраќајот бил сопрен од страна на полициските сили, Противтерористичката единица опермена со панцири, шлемови и долги цевки.
На кризната локација веднаш пристигнала и едно возило од Итната помош.