Соработката на ФЗОМ и матичните гинеколози е од голема важност за нашите осигуреници за да можат да имаат добро искуство при остварување на ова право. Едукативна работилница која се одржа во ГОБ 8ми Септември имаше за цел да ги запознае матичните гинеколози со постапката за остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ, имајќи во предвид дека тие се првиот и најважниот филтер во овој процес.
ФЗОМ соработува со матичните гинеколози за да се намали бројот на барањата за БПО кои стигнуваат до ФЗОМ со не комплетна документација.
Токму затоа, во овој процес е многу значајна улогата на матичниот гинеколог кој треба да го води својот пациент до целосното комплетирање на медицинската документација.
Во табелата подолу е потребната документација за осигуреникот да го оствари правото на БПО на товар на ФЗОМ.
ПРЕГЛЕД НА БАРАЊА ЗА БПО ПОСТАПКА НА ТЕРЕТ НА ФЗОМ ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ – ОКТОМВРИ 2014 | ||||
за година | Вкупно | позитивни | барања во постапка | Негативни |
2013 | 1718 | 1039 | 656 | 6 |
2014 јануари-октомври прво дете | 1499 | 827 | 658 | 11 |
2014 јануари-октомври второ дете | 164 | 121 | 41 | 2 |
Вкупно за 2014 г. | 1663 | 948 | 699 | 13 |
Здружението на Приватни гинеголози-акушери на Македонија и претседателот Д-р Душко Филиповски, дадоа подршка на иницјативата на ФЗОМ да се одржи едукативна работилница за матичните гинеколози.
Сите потребни обрасци, упатството за начинот на остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ, презентацијата од оваа работилница и сите други информации се објавени на ВЕБ страната на ФЗОМ (www.fzo.org.mk).