Ѓоковиќ го совлада и Бердих, останува број 1

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ победи во меч од 3.коло од А групата против Томаш Бердих и со тоа го потврди првото место на АТП листата и за 2014 година.

Покрај првото место за годината Ѓоковиќ (како првопласиран) обезбеди и пласман во полуфиналето на Мастерс купот што се игра во Лондон.

Ѓоковиќ го совлада Бердих со 6:2 и 6:2 во двата сета и во првото полуфинале утре ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори.

Во вториот меч од А групата Стан Вавринка го совлада Марин Чилиќ со 6:3, 4:6 и 6:3 и обезбеди пресметка во полуфиналето со Рожер Федерер.

Инаку, Ѓоковиќ по третпат годината ќе ја заврши како број 1 откако претходно тоа му успеа и во 2011 и 2012 година.