
Холивудскиот актер Џони Деп беше еден од презентерите на Холивудскиот филмски фестивал. За разлика од другите, тој на сцена излезе видно пијан.
Тој се обиде да го прочита однапред подготвениот текст, а откако не успеа, сама кажа неколку реченици за Шеп Гордон, кој доби награда за документарен филм.
– Не ми одат баш најдобро овие говори. Но, Шеп со децении е еден од омилените и најценетите менаџери во музичката индустрија. Многу сум среќен што постои во мојот живот. Значи, морате да го видите филмот – рече Деп.
Потоа во еден момент пцуеше, а кога сфати што кажува, само ја затвори устата со рака.
– Мислам дека ова е една од оние ноќи – рече Деп.
Неодамна тој изјави дека година ипол не пие алкохол, но изгледа дека порокот сепак е посилен од него.