
Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови по некаде со услови за појава на краткотраен дожд, а попладне и преку ноќта повремен дожд ќе има најпрвин во југозападните делови, а потоа повремените врнежи од дожд полека ќе се преместуваат кон исток. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 11 до 16 степени.
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Врнежите ќе бидат малку поинтензивни во вторник во вечерните часови и во среда. Температурата ќе биде без поголеми промени.