ЕУ одлучна да се бори против Исламската држава

Европската унија соопшти дека е одлучна да се бори против групацијата Исламска држава, откако џихадистите обезглавија уште еден американски заложник.

– Жестокото убиство на американскиот хуманитарен работник Питер Касиг и на сириските војници се нова илустрација за одлучноста на ИД да ја спроведува програмата на терор, се наведува во соопштението високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини.

– Сите кои не ги почитуваат правата на човекот треба да одговараат за своите постапки. ЕУ е целосно ангажирана да се бори со заканата од ИД и други терористички организации во Сирија и Ирак, заедно со нашите регионални и меѓународни партнери, додава таа.