
Дуелот од квалификациите за ЕП 2016 помина со низа инциденти и прекини.
Хрватските навивачи имаа свое “шоу” на Сан Сиро, откако беа одговорни за два прекина на мечот поради тоа што фрлаа пиротехнички средства на трибините и теренот.
Ова нивно однесување, поради кое хрватскиот фудбалски сојуз ќе биде драстично казнет од УЕФА, наиде на осуда кај селекторот Нико Ковач.
“Што да кажам, не е случајност, ова не е прв пат. Се надевам дека одговорните ќе најдат решение. Им се извинив на Италијанците, ова нема никаква врска со фудбалот. Го губиме угледот, хрватскиот народ не е таков. Се срамам и уште еднаш се извинувам. Ако некој сака да протестира, нека протестира надвор од стадионот, овде има деца која мораат да стравуваат за својот живот кога се случува нешто вакво”, изјави хрватскиот селектор.
Хрватските навивачи палејќи пиротехнички средства и фрлајќи ги на теренот при израмнувачкиот гол на Хрватска во првото полувреме, но и во 75-тата минута предизвикаа прекин на мечот.