
„Капитол мол“, в петок , организира After Work Shopping забава. На крајот од работната недела, почестете се со одлична шопинг терапија, со СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ од модните брендови .
Предвидена е добра забава со DJ set во живо за одлична атмосфера, како и настап на бендови во живо во кафе-ресторанот „Дежа Ву“ кој се наоѓа на приземјето во трговскиот центар.
За сите жени, уникатна можност која не смеат да ја пропуштат – освојте бесплатна професионална шминка и фризура!
Сите деталите провери ги на фан страницата на Капитол мол!
Комплексот се наоѓа на булеварот Јане Сандански бр.71A, во населбата Аеродром.
На приземјето од трговскиот се позиционирани: „Рамстор“ хипермаркетот, оптика, аптека, кафулиња, гифт шоп, продавница за органски храна, ексклузивни бутици, телекомуникациски услуги, инфо центар и друго.
Првиот кат нуди различни меѓународни и регионални модни брендови, продавница за модни додатоци, како и голем „DM drogerie“ маркет.
На вториот кат се сместени продавиците за детска облека и за играчки, книжарница и продавница за канцелариски материјал, Фитнес & Crossfit центар, продавница за спортска облека…
Третиот кат нуди забава и храна: огромен Детски центар, куглана, билијард и бар, како и ресторан и оддел за брза храна, со тераса со прекрасен и опуштен поглед на Скопје.
Трговскиот обезбедува паркин места за повеќе од 450 возила.
ШОПИНГ Капитол Мол – Исклучително шопинг искуство!