
По информацијата за појавата на нов вид на птичји грип во Холандија, која ја разбранува светската јавност, во земјава беше воведена времена мерка забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо. Во насока на превенција беше забранет увозот на овие продукти од Холандија, Германија и Велика Британија, меѓутоа што е со месото кое било увезено пред забраната и кое се нашло на македонските трпези?
Од Агенцијата за храна и ветеринарство смируваат дека не постои причина за загриженост бидејќи претходно увезеното месо е безбедно.
– Месото кое е увезено од овие земји пред воведената забрана е безбедно. Истото е увезено со сите безбедносни сертификати кои ги издаваат надлежните служби. Во увозот на месото нема ништо спорно и не гледаме зошто истото не би се нашло на продажните рафтови во земјава, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
И покрај сите смирувања и апели од Агенцијата, граѓаните се загрижени и не се сигурни во квалитетот на веќе увезеното месо, поради што се многу попретпазливи кога купуваат пилешко и живински производи.
Она што смитува е и податокот дека во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот.