
Четириесет и четиригодишниот Ѓ.Д. од Богданци доби кривина пријава бидејќи нападнал полицаец кој бил на должност.
Тој на трети овој месец во кафеаната „Парк“ во Богданци, пријавениот без повод и причина почнал да го навредува, а потоа и физички нападнал лице од Богданци, удирајќи го во пределот на главата. По ова, пријавениот излегол од кафеаната, а потоа повторно се вратил и од пиштол испукал еден куршум.
Откако полицијата отишла пред неговиот дом за да го повика на разговор, пријавениот им упатувал закани, по што се обидел да удри еден од полицајците.