
Најмногу за една недела гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ), Иван Искров ќе поднесе оставка на функцијата, тврди во денешниот број софискиот весник „Труд“, пренесе МИА.
Анонимни извори од бугарската Влада за весникот изјавиле дека како компензација за предвременото напуштање на функцијата, Искров ќе биде именуван за претставник на Бугарија во некоја меѓународна финансиска институција.
Најавата за заминувањето на Искров доаѓа откако вчера претседателката на Комисијата за буџет на бугарскиот Парламнет, Менда Стојанова, побара сите членови на Управиот совет на БНБ, заедно со Искров, да поднесат оставки поради кризата околу „Корпоративната трговска банка“ (КТБ), која сериозно го растресе бугарскиот банкарски систем.
Оставката е прашање на време. Дали Искров постапил правилно или не во врска со аферата со КТБ веќе не важно, коментира „Труд“.
– Токму поради тоа оставката е неизбежна со цел да се повратат довербата во БНБ и нејзиниот авторитет, наведува „Труд“.