Над 1 милијарда денари вложиле „Индо Минерали и Метали“ во Злетово

Повеќе од 1 милијарда денари вложила компанијата „Индо Минерали и Метали“ во рудниците Злетово, Тораница и Добрево, со кои стопанисува од 2006 година. Со тоа оваа компанија станува еден силен играч за македонската економија.

– Инвестиравме повеќе од 1 милијарда денари во инфраструктура, развој и рударска опрема. Нашите предлог-капитални трошоци за 2015-2016 година се проценети на околу 225 милиони денари“, вели Канаја Лал Моза, генерален менаџер на „Индо Минерали и Метали“.

kanaja

Компанијата, како дел од „Бинани“ Групацијата, започна со работа во Македонија во 2006 година и го илустрира потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Рударската операција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.

Главниот фокус на „Индо Минерали и Метали“ е безбедноста на вработените, за што компанијата постојано инвестира во опрема, спроведува регуларни технички проверки на работната опрема и изведува соодветни обуки за вработените. Дополнително на ова, ИММ исто така спроведува и медицински проверки во согласност со проценките за ризик и доследно се придржува кон директивите на Законот за безбедност и здравје при работа.

– „Индо Минерали и Метали“ како дел од „Бинани“ Групацијата ги следи глобалните трендови и во согласност со нив ги спроведува модерните технологии за извршување на оваа работа. ИММ Македонија е компанија посветена на бизнис одржлива иднина и преку тоа, на подобрување на социјалната, економската и еколошка благосостојба на заедницата каде работиме. Целиме да ги воспоставиме највисоките безбедносни стандарди, изјави Канаја Лал Моза

Во поглед на околината, Индо Минерали и Метли ДООЕЛ имаат потрошено повеќе од 70 милиони денари во Злетово и 95 милиони денари во Тораница за животната средина, со поголем број на дополнителни проекти во план.