
Навивачите на Албанија неколку пати го прекинаа пријателскиот натпревар со Италијаните кој е одигран во Ѓенова.
На натпреварот во Ѓенова присуствувале повеќе од 25 илјади навивачи од Албанија кои се чувствувале како дома.
Навивачите на Албанија три пати влетале на теренот и сите со желба да се поздрават со капитенот на репрезенатцијата Лорик Цана, кого го сметаат за јунак по прекинатиот меч во Белград со Србија.
Првиот прекин на натпреварот во 25-та минута, албански навивач клекнал на колена пред Цана со знаме на Албанија и со желби да добие автограм. Цана се потпишал на знамето, а потоа и го прегрнал. Тој потоа го напуштил теренот со овации од навивачите од албанската трибина. Обезбедувањето не реагирало, а навивачот без никакви проблеми го напуштил теренот и се вратил на трибините.
Вториот прекин се случил кога еден албански навивач инсистирал да го бакне Лењани, а третиот прекин следел кога еден Албанец се симнал од трибината за да се поздрави со Цана.
Италија ја победи Албанија со автоголот на Салихи во 82-та минута.