
Меѓународна конференција на тема „Развој и промовирање на иновациите и претприемништвото во секторите растително и сточарско производство“, ќе се одржи денеска во Битола.
На конференцијата, која се одржува во организација на Федерацијата на фармерите на Македонија, ќе бидат презентирани иновативни алатки за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и за промовирање и олеснување на иновативното претприемништво.
Најавено е учество на 120 претставници од организации и научни институции кои даваат поддршка и услуги на мали и средни претпријатија во сточарското и растителното производство, бизнис асоциации, стопански комори, организации за бизнис промоција, невладини организации, консултанти, синдикати, претставници од мали и средни претпријатија во сточарското и растително производство, ….
Конференцијата е завршен настан од Агро-старт проектот „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија во растителното и сточарското производство“, финансиран од Европската Унија.