
„Купи куќа купи стан“ ги намали каматите на кредитите. Најголемите банки во земјава објавија дека каматните стапки за станбените кредити ќе изнесуваат под 3% во првите три години од отплатата на кредитот. Оваа каматна стапка е значително помала од периодот пред почетокот на владиниот проект, анализира Економски.мк.
Ако во 2010 година станбените кредити беа со камата над 8% на годишно ниво, со стартот на Купи куќа купи стан во 2012 година тие почнаа да паѓаат.Сега изнесуваат под 3%.
-Проектот „Купи куќа купи стан“ не нуди само ниски камати туку и заштеда. Имено, освен каматата од 3,95% за првите три години од отплатата и 4,4% за следните две, проектот нуди и можност Владата да отплаќа половина од ратата или половина од учеството за купување стан и дури 75% од ратата и учеството за купување или градење куќа. Заштедите можат да достигнат до 14.000 евра., пишува Економски.мк.
Заради ваквите поволности на „Купи куќа купи стан“ зголемен е и интересот за проектот. Само во последните три недели пристигнале над 50 апликации.
Досега преку „Купи куќа купи стан“, станбеното прашање го решија над 350 семејства, а исплатени се субвенции во висина од 2,5 милиони евра.