
Премирот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не сакаат да се мешаат во стратегијата на СДСМ и дека чекаат да ја видат.
– Околу тоа што го најавија, ние побаравме од нив да го објават. Сега кажаа дека имале стратегија и чекаме да ја видиме. Не сакаме да им се мешаме во таа стратегија, изјави Груевски, по одбележувањето 13 години од основање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.