
Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија.
Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Поповски. Предвидени се и средба на делегации од ГШ на АРМ и Воениот комитет на ЕУ.
Покрај унапредување на понатамошната соработка со Воениот комитет на ЕУ, пред делегацијата на ЕУ ќе биде презентирана трансформацијата на АРМ и учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, соопшти македонското Министерство за одбрана.