
Лидерот на исламистичкото движење Исламска држава убиен е при воздушниот напад врз северниот ирачки град Мосул, тврдат очевидци и болнички извори, објави МИА.
Радван Талеб ал Хамдуни бил лидер на ИД во Мосул. Тој загинал заедно со неговиот возач, откако автомобилот бил забележан и нападнат во западниот дел на Мосул.
ИД воспостави контрола врз северниот дел на Ирак во јуни, при што немаше никаков отпор од ирачката армија.
Ал Хамдуни вчера беше погребан во присуство на голем број привразаници на ИД, кои носеа црни исламистички знамиња.