
Во рамки на полициската акција која вчера беше спроведена во Охрид покрај поранешниот градоначалник, Александар Петрески уапсени се и сите вработени во Општината од времето кога тој бил на функција.
Дел од вработените работеле во Општината додека Петрески бил градоначалник, а дел од нив се се уште вработени во оваа институција.
Меѓу уапсените се раководители на сектори, сопственици на фирми кои добивале тендери од Општината и вработени на останати пониски функции.
Приведени се Зоран Ш., Емин С. и Гоце С., кои биле на функција раководители на сектори во општината, како и Бранко К., Симон К., Јован К., Олег М. и Сузана П., кои биле сопственици управители на фирми кои добивале работа од Општината.
Буџетот на Општината вкупно е оштетен за околу 50 милиони евра во периодот додека Петрески беше на чело на оваа локална самоуправа.