
Во текот на утрешниот ден поради изведување на градежни активности, на дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сообраќајот ќе се одвивва согласно времено поставен режим.
Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.