Комплетирано 6-то коло – трилер завршница во Битола

Последните два натпревари од шестото коло од Македонската кугларска лига се одиграа вчера. Во Битола се одигра вистински трилер натпревар помеѓу екипите на Хераклеа и Вардар 2014, каде индивидуално беа поделени бодовите и победникот беше решен со бројот на соборени дрва. Така, гостинската екипа на Вардар 2014 со само 6 соборени дрва повеќе успеа да се врати со полн плен од Битола. Завршен резултат Хераклеа-Вардар – 2014 3:5, резултат на вкупно соборени дрва 3087 наспроти 3093.

Во вториот натпревар одигран во кугланата “Мусандра”, екипата  на ГТЦ ја совлада екипата на Македонија со резултат 7:1, со резултат на вкупно соборени дрва 3238 наспроти 2928.

Претходно, екипите на 18 Август АДИНГ и Работнички одиграа нерешено 4:4, со вкупен резултат на соборени дрва 3254 наспроти 3253, додека Макпетрол ја победи екипата на Империјал Тобако со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва 3369 наспроти 2972.

Со комплетирањето на шестото коло ја добиваме следната состојба на бодовната табела:

 

ТАБЕЛА

 

Место

ЕКИПА

Вкупно одиграни натпревари

Победа

Нерешено

пораз

Бодовна состојба

МАКПЕТРОЛ

660012

РАБОТНИЧКИ

64119

ВАРДАР 2014

63127

ГТЦ-СКОПЈЕ

62226

ХЕРАКЛЕА

62135

18 АВГУСТ АДИНГ

62135

ИМПЕРИАЛ ТОБАКО

62044

МАКЕДОНИЈА

60060