
Дваесет и тригодишното момче кое во саботата вечерта беше прободено со нож во скопски Аеродром е приклучено на апарати за дишење.
Момчето се наоѓа на интензивна нега на КАРИЛ и е приклучено на апарати за дишење поради големото количество на изгубена крв. Убодот завршил во една од главните артерии и само брзата интервенција на лекарите го спасиле да не искрвари до смрт. Веднаш бил реанимиран и според последните информации по осум часовната операција, неговата состојба е стабилна.
Второто момче има полесна повреда во вид на исекотина на едната потколеница. Се наоѓа во Клиниката за пластична хирургија каде му е санирана повредата.
Двете момчиња вчера беа прободени со нож во скопската општина Аеродром кога се обиделе да му помогнат на момче кое повраќало.
Полицијата трага по напаѓачот.