
Вчера се одржа турнир во забрзан (рапид) шах на Алкалоид, кој се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ.
Ова е најсилен турнир со рапид темпо на игра во Македонија, кој традиционално се одржува, а вкупниот награден фонд, обезбеден од компанијата Алкалоид АД изнесуваше 120.000 денари. Турнирот привлече многу голем број шахисти и љубители на шахот, достигнувајќи бројка од 145 учесници, од кои 32 со меѓународни титули, од 7 држави.
Победник на турнирот бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев со освоени 8 поени во деветте одиграни кола.
Неговиот сонародник, велемајсторот Борис Чаталбашев заврши на втората позиција со половина поен помалку.
Третото место му припадна на велемајсторот Трајко Недев, водено и најдобриот македонски натпреварувач со 7 поени.
Освен првите тројца парични награди добија и шахистите пласирани до 12.место.
Награди беа доделени и за најдобрите во следниве категории:
-до 2.199 рејтинг поени Елмаз Дрпљанин,
-жени Маја Величковски-Нејковиќ,
-до 1.999 Јанчо Ѓорѓевски,
-ветерани Илија Стошевски,
-У-18 Дејан Пејчиновски,
-У-16 Никола Николовски,
-У-14 Тони Лазов,
-У-12 Наталија Грабачева,
-У-10 Андреј Велјаноски,
-У-8 Иван Цапески.
Победничкиот пехар и наградата за првото место на Турнирот за новинари му припаднаа на Зоран Стерјовски од Македонска информативна агенција.