
По свирежите кои турските навивачи ги упатија за време на едноминутното молчење поради трагично загинатиот навивач на Црвена Звезда пред почетокот на кошаркарскиот натпревар помеѓу Галатасарај и Бешикташ, овојпат се огласија повторно со вознемирувачки транспарент.
Според она што може да се види, кога се во прашање “делиите”, мисијата е завршена. Навивачите на Галатасарај преку транспарентот прашуваат “Кој е следен?”, а на мета се навивачите на Партизан, Олимпијакос и ЦСКА.
Навивачите на Галатасарај во петокот усмртија навивач на Звезда во пресрет на дуелот на овие два тима во рамките од кошаркарската Евролига.