
Турските медиуми објавија фотографија од приведување на навивачот на Галатасарај кој е осомничен дека го убил белграѓанецот Марко Ивковиќ, припадник на навивачката група „Делии“.
Според објавеното, уапсениот е член на една од навивачките групи на Галатасарај, а бил фатен откако претходно уапсени турски навивачи биле приведени во полиција и дале информации за него.
Прегледани биле околу 300 часови видео материјали од голем број камери, а во истрагат биле вклучени повеќе од 200 лица, кои биле предводени од четири полициски специјални тимови.
Првично биле приведени пет лица, кои биле снимени од видео камери. Иако снимките биле недоволно јасни, поради дим од факели, сепак тимовите од истрагата со специјална технологија успеале да ги идентификуваат лицата. Потоа тие биле приведени, а по извршени раговори со нив во полициска станица, идентификувал бил и убиецот, кој веднаш бил лоциран и уапсен.
Според неофицијални информации, убиецот го издале претходно уапсените, меѓу кои имало и негови блиски пријатели. Тој се криел, но сепак за само два часа истанбулската полиција го лоцирала.
Убиецот го пробол навивачот на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ, дури два пати. Еднаш во срцеѕо и еднаш во стомакот. Турските лекари уапсеале да го повратат од клиничка смрт, но повредите во стомакот, поточно на црниот дроб биле премногу тешки, по што момчето починало по еден час борба на лекарите за неговиот живот.