
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(34) од с.Пршовце, тетовско, за сторено кривично дело „пустошење на шума“.
Имено, на 11.10.2014 година, од страна на полициски службеници пријавениот е затекнат како со трактор врши превоз на 1,5 метри кубни бесправно исечени огревни дрва.
Тракторот и дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција.