
Доколку сакате да најдете евтина футрола за вашиот телефон, можеби оваа идеја ќе ви се допадне.
За да ја направите оваа футрола потребен ви е само еден балон, 10-тина секунди и помош од пријател. Треба да го надувате балонот и да го поставите телефонот врз него. Потоа едниот од вас го држи телефонот, а другиот го отвора балонот за да излезе воздухот од него. Балонот ја добива формата на вашиот телефон и тоа е тоа. Готово.
Иако, оваа „футрола“ нема да ги има сите потребни отвори за приклучоци и нема да трае премногу долго, сепак е добра идеја за забава.