
Секој одговорен возач знае дека автомобилските гуми се трошат и дека мора да се менуваат кога ќе дојде времето за тоа, но, одредени луѓе се подготвени да го ризикуваат и сопствениот живот за да заштедат или да заработат пари.
На интернет се појави видео снимка од Финска на која можете да видите како од старата и потрошена гума настанува „нова“ гума со длабоки шари.
Овој „мајстор“ ги изрежа шарите и направи подлабоки шари создавајќи илузија дека тоа се нови гуми, но на тој начин само дополнително ја ослабнал гумата и ја направил поподложна на пукање.
Иако во потписот на снимките се наведува дека оваа постапка, позната како „regrooving“ или „браздење на гумите“ е извршена само за лична употреба без намера за продажба, не можеме со сигурност да знаеме колку оваа постапка е сигурна и мора да напоменеме дека во голем број од земји во светот е илегална.