
Охридската полиција поднесе кривична пријава против охриѓанецот И.Р.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда во обид“.
Од МВР информираат дека на 23-ти минатиот месец пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на лице од Охрид.
Настанот се случил околу 23,00 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ каде оштетениот пристигнал во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели при што пријавениот започнал вербална расправија со него по што започнала и турканица во која двајцата паднале на подот.
Тогаш пријавениот И.Р. извадил нож на преклопување и успеал на оштетениот да му нанесе неколку убоди во пределот на десната препона и левата надколеница.