
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала го погоди југозападниот дел на островот Минданао, кој е најголем на филипинскиот архипелаг, соопшти Европско-средоземноморскиот сеизмолошки центар, пишува МИА.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 174 километри југозападно од градот Будта и длабочина од 631 километар под површината на земјата.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Не е објавена ниту закана од појава на цунами.