Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го критикуваше денеска западот, дека постојано се обидува да ја обвинува Русија за кризата во Источна Украина и рече дека Москва не е изолирана во врска со конфликтот.
Како што пренесе МИА, Лавров повторно го повика Киев да води директни преговори со проруските бунтовници во Источна Украина. Тој рече дека е бесмислено да се бараат начини за уредување на конфликтот без учество на сепаратистите.
– Нашите западни колеги, некои од европските земји, најмногу Американците, не претставуваат како главни виновници…тоа не е правилно, рече тој по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Лавров ги повика западните поддржувачи на Киев, вклучувајќи ги Франција и Германија, да извршат притисок врз Украина да изврши уставна реформа, која според Москва треба да им даде на регионите со руско говорно подрачје поголема автономија.