
Полицијата во стан во Рума во Србија пронашла 500 килограми густа кремаста маса која наликува на „еурокрем“, за која се смета дека е правена од отпад, пишува српски Телеграф.
Српската полиција засега не го соопштува идентитетот на мажот кој е осомничен дека го произведувал лажниот еурокрем.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за недозволено производство. Кај него се пронајдени чоколади и други слатки произведи, како и голем број празни тегли во кои најверојатно осомничениот го продавал еурокремот на пазар.
– При претрес на станот кај него, освен 500-те килограми маса која потсеќа на „еурокрем“ пронајдени се и 89 веќе наполнети пластични тегли, соопштуваат од полицијата во Сремска Митровица.
Полицијата се сомнева дека отпадниот крем, за кој сеуште се утврдува каде го набавил, во еден дел бил пакуван во пластични тегли, а дел измешан со средство за згуснување и разлеван во плехови, а потоа пакуван во фолија.