ВИДЕО: Македонка одржа час по пеење во шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Скопјанката Маријана Мариангел уште еднаш покажа дека земјава има големи музички таленти.

Таа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ имаше фантастичната изведба на „Бато“ од Калиопи. Успеа да добие шест ѕвезди и пред публиката и жирито да запее уште еднаш, односно во баражот од ова музичко натпреварување.

Маријана во баражот ја отпеа „Молитва“ од Марија Шерифовиќ. За жал, не успеа да продолжи во некоја наредна фаза, бидејќи според пропозициите на натпреварувањето таква шанса добиваат само по петмина кандидати од секоја емисија, иако овој пат од продукцијата најавија дека поради силната конкуренција и одличните кандидатки ќе направат исклучок. Да се надеваме дека токму Маријана ќе се најде на проширената листа.

Во продолжение проследете како изгледаше изведбата на Маријана.