ВИДЕО: Судири помеѓу демонстранти и полицијата во Атина

Најмалку 211 луѓе се приведени поради предизвикување немири во Атина за време на протести организирани по повод годишнината од инцидентот во кој полицијата пред шест години уби невооружен тинејџер во грчката престолнина.

Како што соопшти МИА, неколку илјади луѓе синоќа одржаа протестен марш низ Атина до местото каде беше убиен тинејџерот, но набрзо почнаа немири во кои беша оштетени продавнци и автобуски станици.

grcija_sudiri_2

Дел демонстранти провалија во продавница за облека Зара по што изнесоа голем број предмети на улица и ги запалија. Полицијата успеа да ги ограничи немирите во делот Ексархија по што употребија солзавец.

Судири меѓу полицијата и демонстранти имаше и во Солун каде хулигани претепаа двајца полицајци во цивил по што реагираше полицијата со солзавец и шок-бомби.

grcija_sudiri_3

Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни немири, најмасовни во Грција во изминатите неколку децении.