
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.О.(47) од Струмица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.
Полицијата извршила претрес во домот на пријавениот и во неговата викенд куќа при што се пронајдени и одземени две искршени стебла од растението канабис, 48,92 грама марихуана , семки од растението канабис и дигитална вага.